Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки како лидери завршија во својата група, по одигрување на последното десетто коло
Вардарки како лидери завршија во својата група, по одигрување на последното десетто коло

Вардарки како лидери завршија во својата група, по одигрување на последното десетто коло

Пред нас е последното коло во новоформираните групи 1 и 2 во женската лига на шампиони. Во нашата група победи во ова коло забележаа екипите на Вардар, Будуќност и Мец, по што веќе се познати сите четвртфиналисти во најголемото ракометно натпреваруње.

Како што знаеме Вардар со триумф ја заокружи оваа фаза во ЛШ, пред одигрување на елиминациските мечеви. Деби победа и за новиот тренер Ирина Дибирова. Извештајот од овој натпревар можете да го прочитате ТУКА.

Будуќност му се одмазди на ФТЦ за првиот и убедлив пораз во Подгорица и во последното коло успеа да го совлада вицешампионот на Унгарија на нивниот терен. На тој начин Будуќност му направи услуга на Вардар, кој на крајот заврши како прв во групата. Екипата од Подгорица имаше перфектен старт на натпреварот каде во првите осум минути имаше водство од 0:4. Сепак во следните десет минути тие не успеваат да постигнат гол, наспроти ФТЦ кој со серија од пет погодоци за прв пат на мечот имаше водство од 5:4. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, но сепак Будуќност беше екипата која на одмор заминува со еден гол предност (8:9). Прв гол во второто полувреме постигнаа Унгарките за израмнување на резултатот на 9:9, но следат три голови во серија на гостинската екипа, од кои два беа за Неагу (9:12). До крајот на натпреварот, Будуќност имапе постојано водство, а највисокото беше четири голови разлика, доволни за триумф на овој тим. На крајот конечниот резултат гласеше 23:24. Булатовиќ и Неагу беа предводници кај победничкиот тим со 7 постигнати голови, додека кај поразените се истакна Ковачиќ со 5 голови.

Мец очекувано победи на гостувањето во Русија против екипата на Астраханочка. Домашниот тим даде отпор само во првото полувреме кога интересно имаше водство од 13:11. Сепак во второто полувреме, шампионот на Франција покажа дека квалитетот е далеку на нивна страна. Најпрво ја анулираше неагтивата од првите 30 минути, а како течеше мечот предноста во нивна корист се повеќе растеше. На крајот конечниот резултат гласеше 20:28. Чигиринова и Постнова постигнаа по 4 голови кај Астраханочка, додека кај Мец по 5 гола беа дело на Смитс и Деуна. 

Табелата по завршување на сите кола во новоформираната главна група 1, во која како лидер завршија Вардарки:

1. Вардар  15

2. ФТЦ Будимпешта  14

3. Будуќност  14

4. Мец   10

5. Турингер  5

6. Астраханочка  2

Четвртфиналните двојки се:

Митјиланд – Вардар

Мец – Ѓер

ЦСМ Букурешт – ФТЦ Будимпешта

Будуќност – Ларвик