Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Убедлива победа на Вардар за прво место во група, во 1/4 финалето против Митјиланд или Букурешт
Убедлива победа на Вардар за прво место во група, во 1/4 финалето против Митјиланд или Букурешт

Убедлива победа на Вардар за прво место во група, во 1/4 финалето против Митјиланд или Букурешт

ЖРК Вардар се врати на победничките патеки, вечерва нашите девојки со победата над Турингер 36-26 (19-12) си го обезбедија првото место во нашата група. Во 1/4 финалето Вардар би требало да игра против Митјиланд, но постои можност тоа да биде и ЧСМ Букурешт, доколку овој тим утре загуби од Есбјерг.

Почетните 10 минути од натпреварот минаа во знакот на Вардар. Нашиот тим искористи неколку грешки на противникот во првите 10 минути и преку контра напади успеа да постигне неколку лесни погодоци и да дојде на предност од плус четири во почетната фаза од мечот. Во првите минути од мечот се истакнуваше голманката Екерле кој забележа шест одбрани. Како одминуваше времето, така и вардарки си ја зголемуваа својата предност, па така во 17 минута нашиот тим имаше предност од шест голови разлика 9-3. Во 21 минута Дибирова го повика првиот тајм-аут како тренер на ЖРК Вардар. По тајм-аутот на Дибирова, следуваа два погодоци во серија на вардарки за плус седум во 23 минута. До крајот на првиот дел вардарки одиграа смирено и добро, па така на пауза се замина со предност од 19-12 за нашиот тим.

Вториот дел започна исто така убедливо за нашиот тим. Во 36 минута од мечот вардарки ги достигнаа највисоките плус девет 23-14. Радичевиќ продолжи и во вториот дел да ја тресе противничката мрежа, со нејзиниот седми гол вечерва Вардар дојде до 25-17 во 40 минута. Највисоките десет предност на натпреварот Вардар ги достигна во 43 минута од мечот 27-17. Дибирова во продолжението од натпреварот им даде шанса и на Ристовска, Дамњановиќ и Суслина. Доколку не беше Екерле на голот на гостинките, тогаш разликата ќе беше над 15 голови во полза на нашиот тим. Во 54 минута Сара Ристовска го постигна првиот погодок вечерва. Се до крајот на мечот вардарки рутински си ја доработија својата задача.

Радичевиќ беше прв стрелец со 9 погодоци, додека по 5 постигнаа Лекиќ и Пенезиќ.