Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: На следниот натпревар ќе играме подобро – Радичевиќ: Сакам да одиме еден чекор понатаму сезонава
Дибирова: На следниот натпревар ќе играме подобро – Радичевиќ: Сакам да одиме еден чекор понатаму сезонава

Дибирова: На следниот натпревар ќе играме подобро – Радичевиќ: Сакам да одиме еден чекор понатаму сезонава

Нашиот женски ракометен шампион со победа ја заврши главната групна фаза од лигата на шампионите. Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански, нашите девојки беа убедливи во дуелот против Турингер, забележувајќи победа со резултат 36:26.Со оваа победа Вардрки го освоија првото место во групата и обезбедија место во четвртфиналето. Успешно деби на клупата имаше и новиот тренер, Ирина Дибирова која искажа задоволство од победата:

-Им благодарам на гостите и на колегата за убавите зборови за мене. Но, имам доста работа за мене што ми претстои. Ние игравме добро денеска, и добро трениравме. Им благодарам на моите асистени, Едуард Кокшаров и Аце Станковски. За следниот меч ќе имаме повеќе време за тренирање и да играме подобро и поагресивно.

-Денес одличен натпревар одигра десното крило Радичевиќ која постигна 9 голови. Таа истакна дека екипата успеала да се врати после убедливиот пораз против Мец и дека посакува оваа сезона да одиме чекор понапред.

-Драго ми е што се вратиме на победничка патека по онаа срамна игра во Мец. Тешко ни падна тој пораз бидејќи му дозволивме на противникот да не прегази. Можеби е добро што тоа се случи, за да не летаме во иднина, туку да останем на земја, и да се спремиме подобро за четврт-финалето. Покажавме дека од самот момент го почитуваме Турингер и игравме добро од самиот почеток. Задоволна сум од тоа. Сакам да одиме еден чекор понатаму сезонава, а тоа можеме само со добар тренинг. Без оглед кој не чека во четврт-финалето,  се зависи од нас. И лани игравме прв меч дома, па на реваншот неможеше ривалот да не стигне, а и првата година го победивме Ѓер, а бевме четврти. Затоа е неважно кој ќе ни биде ривал, туку ние сме професионалци, и ќе гриземе до крај, и сакам со Вардар да одиме до крај.