Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кизиќ, Кукуловски и Димитриоски ќе патуваат во Турција, селекторот Брестовац го објави составот на Македонија за време на ЕХФ неделата
Кизиќ, Кукуловски и Димитриоски ќе патуваат во Турција, селекторот Брестовац го објави составот на Македонија за време на ЕХФ неделата

Кизиќ, Кукуловски и Димитриоски ќе патуваат во Турција, селекторот Брестовац го објави составот на Македонија за време на ЕХФ неделата

Македонската ракометна репрезентација ЕХФ неделата ќе ја искористи да одигра контролни натпревари против селекциите на Турција и Грузија. Мечевите ќе се одиграат во Турција, а селекторот на Македонија, Данило Брестовац ги одрреди 17-те играчи кои ќе настапат на овие дуели.

Со подмладен состав ќе патуваме во Турција, а на скратениот список се најдоа и тројца вардарци. Се работи за Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски и Дејан Кукуловски.

Собирот е закажан за во понеделник од 17 часот во хотелот „Александар Палас“.