Утре, унгарскиот првак и „сребрениот“ од последниот Ф4 во Келн, тимот на Веспрем ќе биде домаќин на PK Вардар во дуел од 5.коло во ЛШ. Лани во групната фаза со овој тим црвено-црните успеаа во „Веспрем арената“ да дојдат до гостинска победа. Нивниот кормилар, Давид Дејвис Камара е претпазлив пред дуелот со европскиот првак, тим кој одлично го познава.
Вардар оваа сезона ја брани титулата во Лигата на шампионите, се работи за сериозен тим кој мора да се почитува. Играат добро оваа сезона, тие одат се погоре од година во година. Беа поразени во само еден дуел од почетните четири во ЕХФ Лигата на шампионите, па мора да се признае дека се работи за доста опасен противник- вали Камара.