Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Турците Ердоган и Озденис ќе ја делат правдата на мечот Вардар-ППД Загреб
Турците Ердоган и Озденис ќе ја делат правдата на мечот Вардар-ППД Загреб

Турците Ердоган и Озденис ќе ја делат правдата на мечот Вардар-ППД Загреб

РК Вардар следниот натпревар во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 11-ти февруари  (сабота) со почеток во 17  часот  и 30 минути. Во својот храм Спорскиот центар  “Јане Сандански“  ќе ја пречекаме екипата која е шампионот на Хрватска, тимот  на ППД Загреб.

Европската ракометна федерација за овој дуел делегираше судиска двојка од Pепублика Турција. Станува збор за Курсад Ердоган и Ибрахим Озденис. ЕХФ делегат на овој натпревар ќе имаме од Црна Гора, таа фунција на саботниот меч ќе ја има Предраг Паличевиќ.