Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Тамара Милошеска: Јуниор“ лигата за нас е огромно искуство и многу сум задоволна од нејзиното функционирање
Тамара Милошеска: Јуниор“ лигата за нас е огромно искуство и многу сум задоволна од нејзиното функционирање

Тамара Милошеска: Јуниор“ лигата за нас е огромно искуство и многу сум задоволна од нејзиното функционирање

На крајот на месец февруари треба да стартува пролетниот дел во ракометната “Јуниор“ лига. Со тоа започнуваат нови натпревари, возбудувања и надигрување на екипите кои се дел од овој голем проект на ркометниот клуб Вардар. Познато е дека се натпреваруваат повеќе од 22 ракометни школи од цела Македонија во различни возрасни генерации и тоа во машка и женска конкуренија. Јуниор лигата е нешто најново, натпреварување кое е од големо значење за младите учесници кои имаат желба да успеат со ракометот. Сите услови да станат врвни ракометари им го нуди токму “Јуниор“ лигата, каде децата преку континуирано играње на натпревари го добиваат и стекнуваат потребното искуство кое им е потребно во иднина. Тамара Милошеска е само една од многуте ракометарки кои се дел од ова натпреварување, која настапува за ракометната школа РК Кастратовиќ за генерацијата родени 2004/05 година.

-Започнав да тренирам ракомет на 8 години, а желбата ми се појави кога ги следевме натпреварите од лигата на шампионите со моите родители. Првата година тренирав во Металург, но еве веќе три години сум дел од екипата на РК Кастратовиќ. Тренираме три пати неделно, мотивирани сме и знаеме дека со напорен труд и работа можеме да успееме. Јуниор Лигата е одличен проект имаме можност да се дружиме, да се натпреваруваме и да градиме тимски дух. Би сакала во текот на годината да имаме повеќе натпревари да се дружиме и да го покажеме она што досега сме го научиле.

junior-liga-kisela-voda-vardar-1-kastratovikj-vardar-27-11-2016-79341

Оваа генерација на РК Кастратовиќ е една од најдобрите во “Јуниор“ лигата, која и оваа сезона ќе аткува на првото место во лигата.

-Ова за нас е едно огромно искуство и многу сум задоволна од тоа како функционира лигата. По одиграните шест кола сме на врвот на табелата, вежбаме напорно со нашиот тренер Здравка Дамовска која не мотивира и одлично работи со нас. Секако дека во иднина би сакале да бидеме дел од младинските екипи на Рк Вардар.

16114792_10211705836950903_8528548853187804722_n

Тамара имаше можност да биде дел од зимскиот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“, настапувајќи за екипата на РК Кастратовиќ 1.

-Турнирот беше одлично организиран, имавме можност да се натпреваруваме во големата сала на Јане Сандански каде што се натпреваруваат нашите идоли. На турнирот стигнавме до финалето и го освоивме второто место.

Составот предводен од Здравка Дамовска го освои второто место, откако во големото финале во еден неизвесен натпревар загуби од екипата на РК Кале-Кичево.

-На финалниот меч првите 15 минути ги одигравме одлично и водевме со 2 разлика на полувремето, додека во вториот дел направивме повеќе технички грешки. Но ние не се откажуваме и ќе продолжиме да играме да се дружиме во лигата. Огромна благодарност до академијата што организира вакви проекти за ние што го сакаме ракометот да се дружиме и забавуваме.

Звонко Ивановски