Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците во борба за “бронза“, пионерите со победа над Медвешчак обезбедија дуел за 5.место на турнирот во Србија

Младинците во борба за “бронза“, пионерите со победа над Медвешчак обезбедија дуел за 5.место на турнирот во Србија

Пионерите денес, недела 27 август,  ќе играат меч за пласман против Војводина, тоа е дуел  за 5.место на турнирот Belgrade Handball Challenge. Момчињата вчера во клучниот натпревар за пласман  ја победија екипата на Медвешчак со 20-15.

Мечот почна со гол за хрватските надежи, веднаш по тоа момците на Будимир изедначија на 1-1 преку Трајчевски.  Следеа два нови гола со кои поведовме со 3-1 истите беа дело на Жерновски.  Ривалите успеаа во продолжение да изедначат на 5-5, следеше период во кој двата тима постигнаа по три гола и во финишот се влезе со резултат 8-8.  Во последните моменти поведовме со 10-8, сепак примивме гол и на одмор заминавме со минимална позитива од еден гол, 10-9.
Вториот дел со два гола го отворивме и успеавме да поведеме уште по 2 минути игра со 12-9.  Следеа по два гола во двете мрежи во продолжение , разликата беше иста “три плус’ за нас, на семафорот стоеше 14-11. Клучниот удар за хрвариите следеше псоле овој момент со серија 4-0, ги одкажавме кога поведовме со високи  18-11. До крајот се беше рутина триумфираме со 20-15. Прв стрелец беше Чакалиќ со 5 гола,  а Жерновски,Грујовски и Калаџискии имаа по три гола.

Младинците предводени од тренерсокот дуо Грчевски и Чивлачки  на турнирот во Белград  ќе игра за 3. место на турнирот Belgrade Handball Challenge во категоријата момчиња родени во 2000 година.Според распоредот натпреварот со Раковица се игра денес, недела 27 август, во 13.30 часот. Во поулуфиналето тие играа против Дубрава, чија екипа беше подобра и победи со 32-24.

Во тој дуел влеговме неизвесно со почетен резултат 2-2, веднаш потоа беше 3-3 игравме рамноправо постојано во воведните моменти. Следеше пад во играта и серија 7-2 на ривалот со која поведе со 10-6, односно четири плус. Со таа предност тие заминаа и на одмор односно со резултат 15-11.  Во вториот дел уште повеќе нашиот ривал додаде “газ“ и успеа да триумфира двоцифрено.