Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Турнирот во Струга, прв тест за РК Вардар
Турнирот во Струга, прв тест за РК Вардар

Турнирот во Струга, прв тест за РК Вардар

Денес стартува традиционалниот ракометен турнир во Струга, кој ќе го има своето јубилејно 50.издание.

Турнирот во Струга ќе биде и прв тест за „новиот“ Вардар. Во новата сезона, Вардар ќе влезе со изменет „лик“ со оглед дека се случија играчки промени во тимот. Поради исфрлањето од Лигата на Шампионите, клубот остана без договорените засилувања, односно Дуарте, Анџелиќ и Цехте, нема да го носат црвено-црниот дрес во новата сезона. Од клубот претходно заминаа браќата Њокас, потоа Валчак, Тото, Диало, Дибиров, и Додиќ.

Официјално нови играчи се Милан Лазаревски, Андреј Добрковиќ, Дејан Манасков и повратникот во екипата, пикерот Стефан Лазаревски. Тренер на тимот е Владо Недановски, оваа позиција за него не е непозната, со оглед дека во еден мал период од минатата сезона исто така ја имаше функцијата на шеф на стручниот штаб, а негов помошник ќе биде Стојан Петрушевски, кој целиот спортски живот го помина во Вардар.

Екипата на Алкалоид ќе биде првата проверка на формата за тимот на Вардар. Алкалоид кој во новата сезона ќе се натпреварува во најсилната Супер Лига, под водство на Кирил Лазаров, во летниот период се засили со неколку нови играчи, некои и репрезентативци на Македонија.

Останува да видиме, како ќе одиграме, сигурно дека ќе треба време да го достигнеме потребното ниво на игра. Можеби тоа нема да биде тешко, со оглед дека останаа играчи како Томовски, Стоилов, Талески, Моралес, Џукиќ, Чувара и други.

Натпреварот против Алкалоид е закажан да започне од 19:00 часот со директен пренос на МТВ-3.