Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар – Алкалоид, со директен пренос на МТВ-3
РК Вардар – Алкалоид, со директен пренос на МТВ-3

РК Вардар – Алкалоид, со директен пренос на МТВ-3

Од денес започнува 50.издание на ракометниот турнир во Струга. Вардар е актуелен освојувач и тимот кој има освоено најмногу трофеи, вкупно 13 на турнирот во Струга.

Во рамките на првото коло, Вардар за противник ќе ја има екипата на Алкалоид. Ова е прв натпревар за црвено-црните во подготвителниот период и прв на клупата за Владо Недановски кој во новата сезона ќе биде шеф на стручниот штаб, во кој ќе му помага Стојан Петрушевски.

Натпреварот против екипата на Алкалоид стартува од 19:00 часот, од истиот ќе можете да проследите директен преност на МТВ-3