Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Металург низ директен ТВ пренос на Телма
Вардар – Металург низ директен ТВ пренос на Телма

Вардар – Металург низ директен ТВ пренос на Телма

Во среда на 18. септември со почеток од 20:30 часот во спортска сала во Куманово ќе се одигра Суперкупот на Македонија.

Европскиот шампион и шампион на Македонија, Вардар, ќе ги одмери силите со тимот на Металург кој минатата сезона го освои Купот на Македонија. Овој дуел како што рековме ќе биде одигран утре во Куманово, на кој Вардар влегува како огромен фаворит и тим кој треба да има генерална проба пред дуелот со Порто во Лигата на шампионите и настапот за прв пат сезонава пред своите навивачи.

Овој дуел, Вардар – Металург е предвидено да оди низ директен ТВ пренос на Телма.