Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мавров Васко главен судија на Чаир
Мавров Васко главен судија на Чаир

Мавров Васко главен судија на Чаир

Мавров Васко од Струмица е делегиран да го суди дербито на шесттото коло на Чаир. На Мавров ќе му помагаат Гонев Илија од Неготино и Ангеловски Кире од Струмица, четврти судија ќе биде Саздовски Зоран од Штип.

Бидејќи овој натпревар го носи епитетот дерби, ќе има и судии зад головите. Гоцевски Марјан од Струмица и Мантев Петар од Неготино ќе бидат задолжени да ги поправаат грешките на главниот судија доколку постојат.

Дуелот на Чаир се игра утре, среда, со почеток од 15 и 30 часот.