Утре продолжуваат натпреварите од 8.коло во ракометната Супер Лига. Во рамките на групата А, Вардар е домаќин на РК Вардар Неготино. Натпрреварот ќе се одигра во петок во малата сала на С.Ц. Јане Сандански со почеток од 19:00
Со ова коло, всушност стартува вториот натпреварувачки круг во лигата. На првиот натпревар, црвено-црните славеа убедлива победа на гостувањето во Неготино, со резултат 25:38. Женска судиска двојка ќе биде задолжена за натпреварот, тоа се Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје, додека делегат ќе биде Зоран Кимевски.
После седум одиграни кола, Вардар е лидер со максимални 21 освоен бод, додека екипата на Вардар Неготино е на последното место на табелата без бодови.