Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во сабота ново дерби во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Воска
Во сабота ново дерби во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Воска

Во сабота ново дерби во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Воска

Во рамките на 10.коло во ВМФЛ, на програмата е дерби натпреварот меѓу екипите на Вардар и Воска.

Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (29.10), со почеток од 14:00 часот на стадионот во Автокоманда. После поразот од Гостивар во минатото коло, екипата на Воска се најде на лидерската позиција, која се надеваме дека ќе биде симната после одигрување на 10.коло.

Вардар мора да победи и да се врати на врвот во лигата. Директен пренос од натпреварот ќе има на Спорт Клуб.