Вардар продолжува да го гради „костурот“ за следната натпреварувачка сезона. Откако беа договорени четири нови засилувања, стигнуваат информации дека е продолжен договорот со Валчак за уште една сезона.
Според полските медиуми, Валчак би останал уште една сезона во редовите на двократниот Европски Шампион, кој имаше договор за 1+1 сезона во дресот на Вардар. Така, Валчак заедно со Стоилов и Калараш и од наредната сезона ќе бидат на позицијата пикер.
Се шпекулира со информации дека во Вардар би можело да пристигне уште едно засилување од Полска. Се работи за левото крило Јан Чувара, кој игра за екипата на Горник Забрзе.