Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 домаќин на Преспа 2010, во новото коло од првата ракометна лига
РК Вардар 2 домаќин на Преспа 2010, во новото коло од првата ракометна лига

РК Вардар 2 домаќин на Преспа 2010, во новото коло од првата ракометна лига

Екипата на РК Вардар утре ќе одигра нов натпревар, во рамките на првата ракометна лига. Противник за избраниците на Зоран Петковски ќе биде тимот на Преспа 2010. Мечот ќе се одигра на Кале, со почеток од 14 часот.

Младите Вардарци во минатото коло го доживеаа првиот пораз во дербито, против искусниот тим на Младост од Богданци. Токму Младост е лидер во првата лига со 22 освоени бодови, додека Вардар е втор со 18 бодови, но и натпревар помалку од лидерот на табелата. Утрешниот противник, екипата на Преспа се наоѓа на петтото место со 15 освоени бодови. Екипата од Ресен игра одлично оваа сезона и има забележано пет победи и два порази. Ова ќе биде уште еден дерби натпревар за младиот состав на Вардар кој ќе се обиде да се врати на победничките патеки.