Екипата на РК Вардар 2 утре ги продолжува натпреварите во првата ракометна лига и тоа на гостувањето во Ресен, против екипата на Преспа. Дуелот се игра во вечерен термин од 19 часот.
После победата против лидерот Младост, избраниците на Зоран Петковски ќе атакуваат на уште еден триумф и повторно против должник од есенскиот дел на сезоната. Во првиот дел од сезоната на Кале, овие две екипи одиграа со нерешен резултат 31:31. На тој дуел во последните секунди ја испуштивме победата, откако противникот казни една нашата грешка и на крај успеа да извади бод од гостувањето на Кале. Повторно би требало да гледаме неизвесен и квалитетен натпревар.
Вардар е на три бода помалку од Младост, но и натпревар повеќе за екипата од Богданци. До крајот на сезоната избраниците на Зоран Петковски, покрај ова гостување во Ресен, ги очекува уште домашен дуел со Спартак и гостување во Чаир, против екипата на Ринија.