Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го “напаѓа“ 12 трофеј во купот, а втор оваа сезона, вечерва се игра полуфиналето со Металург
Вардар го “напаѓа“ 12 трофеј во купот, а втор оваа сезона, вечерва се игра полуфиналето со Металург

Вардар го “напаѓа“ 12 трофеј во купот, а втор оваа сезона, вечерва се игра полуфиналето со Металург

Нашиот ракометен шампион денес го игра полуфиналето од купот на Македонија. Вардарци веќе освоија еден трофеј за оваа натпреварувачка сезоната и тоа оној од СЕХА-лигата, кој беше вкупно третти за црвено-црните, со што станаа најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Со големи шанси влегуваме и во одбрана на двојната домашна круна, откако онаа во првенството речиси и да ја осигуравме после убедливата победа против екипата на Металург. Во супер-лигата остануваат уште три кола за доигрување, а Вардар нема сериозен противник кој може да му застане на патот до титулата. Големи фаворити сме и во овие два дена, каде во Битола ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во националниот куп. Ова ќе биде реприза на финалето од минатата сезона, кога екипите на Вардар и Металург играа во големото финале. Тоа финале му припадна на Вардар, кој славеше со резултат 31:24. На тој меч најефикасен во нашиот состав беше Дејан Манасков, кој веќе не е дел од екипата која ја предводи Раул Гонзалес. Исто така дел од Вардар не е ниту Горбок, Тоскиќ и Филип Лазаров. Промени има и во екипата на Металург, од составот кој минатата година играше во финалниот натпревар. Тука веќе не се Дупјанчанец, Мраковичиќ, Маџовски, Божовиќ, Матиќ, Вујовиќ, Бувиниќ, Кукоски и Талески. Сепак и во двете екипи има нови играчи, кои ќе играат оваа сезона во големото финале на купот и ќе се борат за трофејот во купот.

Интересно е да се види со кој состав ќе излезе тренерот Гонзалес, со оглед дека на мечевите од супер-лигата излегуваше со комбиниран состав, но во отсуство на Абутовиќ и Мораес Фереира, кои имаат мали проблеми со повреди. После поразот во Автокоманда, избраниците на Гонзалес имаат дванаесет последователни победи, од кои две се во лигата на шампиони ( против Фленсбург), две се на завршниот турнир во СЕХА-лигата, шест победи во супер-лигата и два триумфи во рамките на четврфиналната група од купот. Ова покажува дека се наоѓаме во одлична форма и дека ќе атакуваме на четвртиот последователен трофеј во купот, а вкупно 12 во историјат на клубот. Мечот со Металург вечерва се игра од 20:30 часот со директен пренос на ТВ Телма.