Денес на програмата е финалето на меѓународниот ракометен турнир „Хумел Куп„. Во истото ќе се сретнат Вардар и домашниот тим на Магдебург. Натпреварот ќе стартува од 15:30 часот.
Вардар во полуфиналето го победи тимот на Холстебро (33:28), додека Магдебург беше подобар од Горење (33:23). После освојување на традиционалниот турнир во Струга, момците на Веселин Вујовиќ ќе имаат можност за нов трофеј од турнирите.
На вчерашниот натпревар радува играта на Филип Талески кој постигна вкупно 6 голови, како и новиот пикер, францускиот интернационалец, Џереми Тото, додека Гурбиндо полека се вклопува во тимот, постигнувајќи пет голови за Вардар, на натпреварот со Холстебро.
Натпреварот со Магдебург ќе биде сигурно најсилен тест во подготвителниот период за „новиот“ состав на Вардар, кој на 26.август го очекува првиот натпревар во рамките на 1/4 финалето од СЕХА-лигата против екипата на ППД Загреб.