Утре во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, екипата на РК Вардар ќе го одигра одложениот натпревар од 4.коло во Плеј-Оф против екипата на Бутел.
Натпреварот ќе започне од 12:00 часот, а судиската правда ќе ја делат, Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, додека делегат ќе биде Владимир Саздовски.
Вардар на четири одиграни натпревари има скор од три победи и еден пораз, додека Бутел забележа две победи и по еден нерешен резултат и пораз.