Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Познати екипите кои се пласираа во 1/2 финалето на младинскиот Куп за пом.пионери и пионери
Познати екипите кои се пласираа во 1/2 финалето на младинскиот Куп за пом.пионери и пионери

Познати екипите кои се пласираа во 1/2 финалето на младинскиот Куп за пом.пионери и пионери

Изминативе два дена се одиграа натпреварите од 1/4 финалето во младинскиот Куп на Македонија, за генерациите 2005 и 2006.

Помладите пионери на Вардар полесно од очекувањата успеаа да ја прескокнат екипата на Шкупи и да се пласираат во најдобрите четири екипи. На домашен терен, младите надежи на Вардар убедливо ја победија екипата од Чаир со резултат 5:0. Покрај Вардар, пласман во 1/2 финалето обезбедија уште и екипите на Победа, Академија Пандев и Шкендија.

Резултати од 1/4 финалето за помлади пионери:

Победа – Скопје  3:0

Брегалница – Академија

Шкендија – Работнички  2:2  ( пенали 3:2)

Вардар – Шкупи  5:0

Пласман во 1/2 финалето обезбедија и пионерите на Вардар, откако со удари од белата точка ја елиминираа екипата на Македонија Ѓ.П. Натпреварот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров беше решен после изведување на пенали, откако истиот во регуларниот дел заврши со нерешен резултат 2:2. Во следната рунда се пласираа уште и екипите на Шкендија, А.Пандев и Работнички.

Резултати од 1/4 финалето за пионери:

Шкендија – Шкупи  4:0

Македонија Ѓ.П – Вардар  2:2  ( пенали 4:5)

Њу Старс – Академија Пандев  0:1

Брегалница – Работнички  1:1  ( пенали 2:4)