На дуелот Вардар – Беса кој ќе се одигра во сабота од 16 часот во скопската населба Железарница, главен судија ќе биде искусниот арбитар Качевски Јован од Струга. Ќе му помагаат Бакрачески Разме и Дејаноски Мартин, додека пак четврти судија ќе биде Дејаноски Марјан од Кичево.
Се надеваме на фер и коректно судење на оваа средба, на која Вардар мора да победи.