Вечерва со почеток од 20:15 часот, РК Вардар во рамките на 1/4 финалето на СЕХА лигата е домаќин на екипата на Нексе. Победникот од овој натпревар кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански ќе се пласира на завршниот турнир во Задар.
Двете екипи во пресрет на вечерашниот натпревар учествуваа на турнири, каде се загреваа и ја темпираа формата за нивниот прв важен натпревар сезонава. Познато е дека црвено-црните беа дел од турнирот во Струга, на кој го освоивме 4.место. Беа забележани победи против Алкалоид и Бутел, додека бевме поразени од екипите на Целје и Татран Прешов.
Екипата на Нексе успеа да го освои турнирот во Сараево, каде во големото финале ја победи екипата на Горење. Претходно славеа и против Грачаница, а беа поразени од тимот на Извиѓач. Исто така настапија и на мини турнеја во Словенија, каде успеаа да победат на пет контролни натпревари.
Нексе е мал фаворит во пресрет на натпреварот, Вардар остана без неколку големи засилувања кои требаше да пристигнат во Скопје, поради исфрлањето на Вардар од Лигата на Шампионите, па фаворитската улога се препушта на тимот од Нашице.
Недановски на прес-конференцијата кажа дека Вардар има проблем со ротацијата, можеби тоа се виде и на турнирот во Струга, каде црвено-црните немаа сили да одиграат цел натпревар на едно високо ниво. Нашите адути вечерва со Томовски, Талески, Моралес, Стоилов, Манасков, Георгиевски, оние поискусните кои треба да го понесат поголемиот товар. Очекуваме исто така и голема поддршка од трибините во Јане Сандански, сигурно дека ќе им биде многу потребна на вардаровите играчи во остварување на позитивен резултат.