РК Вардар е старо новиот шампион на Македонија, откако попладнево го совлада тимот на Еурофарм Работник со резултат 36:29 (19:14) и на две кола пред крајот и теоретски го одбрани трофејот од минатата сезона.
Почетните пет минути од натпреварот минаа изедначено 2:2, со опипување на силите на двете екипи. Веќе во десеттата минута тимот на Вардар дојде до максимални два гола предност 5:3. Како одминуваше првото полувреме така и Вардарци ја зголемуваа предноста и реализацијата на нападите, па така во 12.минута дојдоа до веќе убедливи плус четири, 7:3. Во понатамошниот тек од дуелот пред се со головите на Дибиров и Криштопанс, Вардар стигна и до максимални плус пет. Гостинот потоа влезе во серија за намалување на предноста на три. Во последните десет минути Вардар влезе со два гола предност, благодарените на одличната реализација на Дибиров, Скубе и Стоилов. Во последните пет минути од првиот дел, Вардар одигра одлично, па така на пауза замина со високи и максимални денеска плус пет, 19;14.
Вториот дел Вардар го отвори фантастично и по само шест минути игра дојде до највисоки денеска плус осум, 24:16. Дибиров продолжи да блеска и во вториот дел, па така до 36. минута стигна до десеттиот свој погодок. Вреди да се напомене и дека во листата на стрелците се запиша и Милосављев во 35. минута со постигнување погодок од својот гол. Вардар продолжи да го полни голот на противникот и во продолжението. Стоилов со два гола во серија го донесе Вардар на веќе недостижни плус десет, 27:17. Следуваше опуштање на нашиот тим, со што противникот успеа со четири гола во серија да намали на минус шест на 17. минути до крајот на дуелот. Следуваше консолидирање на нашиот тим, со што се врати комотната предност од осум до девет голови разлика. До крајот на дуелот Вардарци рутински си ја довршија својата задача за убедлива победа која значи и нова шампионска титула.
Вардар: Милосављев 11 одбрани (и еден гол), Дибиров 10, Скубе 4, Стоилов 5, Криштопанс 3, Шишкарев 1, Војводиќ 2, Поповски 3, Кисељев 3, Дисингер 1, Горбок 3.