Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР ПРЕСИЛНИ ЗА Шкендија, ОСВОЕН НОВ КУП ТРОФЕЈ НА ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ
МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР ПРЕСИЛНИ ЗА Шкендија, ОСВОЕН НОВ КУП ТРОФЕЈ НА ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ

МЛАДИНЦИТЕ НА ФК ВАРДАР ПРЕСИЛНИ ЗА Шкендија, ОСВОЕН НОВ КУП ТРОФЕЈ НА ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар го освоија купот на Македонија, откако во големото финале кое се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ја совладаа екипата на Шкендија и тоа многу убедливо со 4:0

Тренерот Тодоровски стартуваше ова финале со следните играчи: Андов, Тасев, Стојчески, Наумчески, Радевски, Ѓорѓиески, Димоски, Адем (c), Велковски, Ибиши и Колевски.

1 2

Вардар во првите 45 минути имаше целосна иницијатива и контрола на играта, додека екипата од Тетово немаше ниту една сериозна прилика да го загрози нашиот гол. Рап Тап уште еднаш покажа дека е мајстор за трофеи, денес одлично ја постави екипата, која знаеше како да ја надигра Шкендија, која за потсетување ја освои лигата на Македонија. Само во денешното финале, Шкендија не покажа ама апсолутно ништо, чудо е само како успеваше до пред минатото коло да има максимален број на освоени бодови во младинската Супер лига. Првата голема прилика ја имаме уште по пет минути игра, кога од евата страна Ибиши додаде до Адем, кој од 16. метри бие од прва, но одлично интербвенира противничкиот голман и можеме да кажеме дека спаси чист погодок. Вардар продолжи да напаѓа, бевме многу поконкретни на теренот, а на средината царуваа Адем и Димоски, додека дефанзивната линија на црвено-црните не дозволуваше удари кон голот на Андов. Имаше Шкендија обид од слободен удар, но ништо опасно, Матеј Андов ја прибра топката во рацете.

3

Димоски Бојан покажа зошто оваа сезона потпиша професионален договор со тимот, по една негова одлична асистенција, сам пред противничкиот шеснаесетник избива Давид Велковски, кој успева да го измами голманот и да ја смести топката во мрежата, што значеше предност на Вардар од 1:0, во оваа ситуација целосно извиси одбраната на тетовчани. Вардарци беа желни за докажување и попбеда на овој меч, едноставно сакаа да покажат дека се подобри од Шкендиоја. Ќе ја одбележиме шансата на Ибиши, кој после нафрлена топка на Тасев, бие со глава, но брани голманот. Велковски одигра одличен меч, несомнено има нешто во овој играч, кој носеше големи опасности по противничкиот гол. Откако капитенот Адем нафрли прецизно во противничкиот шеснаесетник, највисок во скокот беше Давид Велковски, кој бие со глава, немоќен е голманот на Шкендија, нашите надежи веќе имаат предност од 2:0.

4

Не помина многу време, а Вардар по трет пат ја трсе мрежата на противникот, овој пат мајсторот за голови, Џемал Ибиши, кој исто така од јануари оваа година потпиша договор со клубот. Додаде Адем до Ибиши, кој сигурно ја избра најдобрата варријанта, иако немаше баш добра позиција, се обиде да шутира директно во голот, со лоб удар го матира голманот на Шкендија, за зголемување на 3:0. Ниту по убедливото водство, Шкендија не можеше да се соземе, па до крајот на првиот дел гледаше да не прими уште еден гол. Избраниците на Рап Тап во последните десет минути имаа удари преку Димоски од прекин и на Колевски од игра, но резултатот остана непроменет.

5

Првата голема прилика Шкендија ја има дури во 50.минута од мечот, невнимание во нашата одбрана, се создаде добра ситуација за тотовчани, но Андов одлично брани и спасува чист погодок. Се раздвижија противничките играчи во вториот дел, со цел да постигнат гол и да го направат финалето поинтересно. Нова добра прилика, еден од нивните играчи од само пет метри шутира, но со глава од гол линијата спасува Радевски, ова беше зицер позиција за Шкендија, за наша среќа остана нереализиран, благодарение на Радевски кој ја отстрани опасноста. Кај Вардар прв директен удар во овој дел од мечот имаше Ибиши, кој бие крај голот. Први измени прави тренерот Тодоровски, од игра излегуваат Велковски и Тасев, додека на теренот се Реџепи и Божиноски. Поништен го на Вардар поради офсајд позиција. Божиноски имаше можност да се запише во листата на стрелци, но одбрани голманот, а одбиената топка во гол ја смести Колевски, но помошникот судија покажа недозволена позиција. Во игра влезе и Виктор Пешевски на местото на Ибиши. Обид кај нас имаше нововлезениот Фитор Реџепи, додека Шкендија опасно шутира, но топката оди за малку над голот. Голема прилика за Вардар за да биде уште поголем дебаклот на нашиот ривал, но Божиноски не реализира од изгледна ситуација. Шанса за игра доби и Мустафа Јусуф, кој влезе на местото на Колевски. Токму Мустафа имаше стопроцентна шанса за погодок, откако сам изби пред голот, но поуспешен голманот на Шкендија кој му го брани ударот и на тој начин спаси поголема негатива за својот тим. Нова измена кај Вардар, во игра е Младеновски, на местото на Ѓорѓиески. Ако уште некој заслужи гол, тоа беше Али Адем, кој денес претрча премногу. Самиот се избори за позиција беше фаулиран, по што беше досуден пенал, истиот го реализира токму Али Адем, за водство од 4:0. Во игра во последните минути влезе Петковски. Крај на мечот, победа за Вардар во финалето со резултат 4:0.

До крајот на сезоната ни останува уште еден меч за играње и тоа во лигата, каде во последното коло гостуваме во Тетово, токму на екипата на Шкендија.