РК Вардар обезбеди потпис на уште еден искусен играч, кој има освоено бројни титули во ракометната кариера, а има и преку 100 погодоци постигнато во една сезона во Лигата на шампионите. Се работи за десниот бек од Србија, Марко Вујин, кој во новата сезона ќе биде дел од скопските ,,црвено – црни”.
Со доаѓањето на Вујин во редовите на РК Вардар, сега нашиот тим има двајца играчи кои во овој момент се во топ – 5 стрелци на сите времиња во Лигата на шампионите.
Дибиров во овој момент се наоѓа на четвртото место на вечната листа, а најновото засилување, Вујин, во овој момент е петти најдобар стрелец на сите времиња. Првото место му припаѓа на Кирил Лазаров. Kапитенот на Македонија е далеку напред со преку 1000 погодоци, а второто и третото место им припаѓа на Карабатиќ и Момир Илиќ.
ТОП ПЕТ:
1. Кирил Лазаров
2. Никола Карабатиќ
3. Момир Илиќ
4. ТИМУР ДИБИРОВ
5. МАРКО ВУЈИН