Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Борец и ја комлетираше бројката од четири освоени трофеи, за најуспешната сезона во историјата на клубот
Вардар го победи Борец и ја комлетираше бројката од четири освоени трофеи, за најуспешната сезона во историјата на клубот

Вардар го победи Борец и ја комлетираше бројката од четири освоени трофеи, за најуспешната сезона во историјата на клубот

ЕВропскиот шампион, екипата на РК Вардар денес го одигра последното коло во супер лигата за оваа сезона. На гостувањето во Велес, избраниците на Раул Гонзалес беа подобри од екипата на Борец, совладувајќи ја убедливо со резултат 28:36.

Домашниот тим даде достоен отпор, но екипата на Вардар беше тимот кој се радуваше. Во почетните минути, Борец имаше предност, која не беше поголема од еден гол разлика, но како течеше првото полувреме, црвено-црните го преземаа водството и имаа контрола на резултатот. Највисоката предност на Вардар во овој дел од натпреварот беше три голови разлика, за на полувреме да заминеме со резултат од 12:15.

Во второто полувреме, Вардарци со серија од неколку погодоци имаа највисоки пет голови предност (15:20), но Борец не дзоволи предвреме да биде решен победникот, па со серија од 5:1, намали на само еден гол негатива (20:21), пто беше доволен знак за нашиот тренер да повика минута одмор. Сепак европскиот шампион, иако видно заморен од завршниот турнир во Келн и славјето кое го имаше во текот на вчерашниот ден, собра сили да одигра уште еден натпревар. Следеа неколку индивидуални потези на Лука Циндриќ и Карачиќ, за повторно да се одлепиме на солидна предност (20:24). Се беше јасно кога резултатот на семафорот гласеше 23:30. Последните десет минути беа рутина за Вардарци, кои само го зголемуваа водството, за на крај да слават со конечен резултат од 28:36.

На овој начин Вардар ја комлетираше и последната титула, која им недостасуваше во оваа најуспешна сезона за клубот. Доделување на медалите и трофејот од првенството, како и приложување на сите освоени оваа сезона, ќе се случува во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 21:00 часот.

Дојдете сите, да ги поздравиме, Вардаровите шампиони.