Вечерва во С.Ц. Јане Сандански на натпревар од затворен тип ( без публика), Вардар го победи тимот Еурофарм Пелистер.
Ова беше прв меч за Стевче Алушовски како предводник на Европскиот Шампион, кој успеа да слави триумф против својот поранешен тим. На меч на кој Вардар беше постојано во предност, триумфираше со резултат 32:28. На полувреме, исто така имавме предност од 15:12. Во вториот дел стигнавме и до двоцифрена предност од 24:14, но до крајот на дуелот противникот се избори за подостоен пораз.
Во двата состави неостасуваа неколку играчи, Вардар не можеше да смета на голманите, Гедбан и Кизиќ, но сепак успеавме на крајот да победиме.
Најефикасен во нашите редови беше Скубе кој постигна 9 голови, додека Чупиќ имаше 6 погодоци.
ВАРДАР: Гогов, Карапалевски, Гашовски, Кукуловски 2, Ќосевски, Калараш 2, Горпишин, Горбок 1, Дибиров 4, Чупиќ 6, Скубе 9, Криштопанс 4, Димитриоски, Сикошек Пелко 3, Шишкарев 1, Анѓелковски