Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар 2 го победи Куманово, во рамките на 1/8 од купот на Македонија
РК Вардар 2 го победи Куманово, во рамките на 1/8 од купот на Македонија

РК Вардар 2 го победи Куманово, во рамките на 1/8 од купот на Македонија

Екипата на РК Вардар 2 предводена од тренерот Стојан Петрушевски забележа победа во дуелот со екипата на Куманово. Црвено-црните остварија триумф во првиот осминафинален дуел од купот на Македонија. Решавачкиот меч за пласман во 1/4 Вардарци ќе го играат со екипата на Гостивар.

На дуелот со Куманово, Вардар 2 имаше постојано водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. Одлично го започнавме натпреварот на кој имавме водство од 4:2 и 5:3, сепак во наредните минути Куманово успева да го израмни резултатот на 7:7. Од тие моменти почнува доминацијата на Вардарци, кои успеваат да направат серија од 6:0 за највисоки во тие моменти 13:7. До крајот на првото полувреме по еден гол за двете екипи, за на одмор да се замине со резултат 14:8.

Во вториот дел само ја зголемувавме предноста, во еден момент имавме водство од 18:10. Оваа позитива од осум голови предност ја одржувавме се до последните пет минути од мечот. Од тие моменти при резултат 23:15, успеавме да направиме серија од четири последователни голови, за конечни 27:15 на овој натпревар. Во овие моменти го играме решавачкиот натпревар против екипата на Гостивар за пласман во 1/4 од купот на Македонија.

На мечот со Куманово најефикасни беа Тоше Ончев и Александар Димовски со по 5 постигнати голови.