Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар покажа сила и квалитет, црвено-црните го победија Мотор Запорожје
Вардар покажа сила и квалитет, црвено-црните го победија Мотор Запорожје

Вардар покажа сила и квалитет, црвено-црните го победија Мотор Запорожје

Вардар се врати на победите. Во рамките на натпревар од СЕХА-лигата, црвено-црните го победија тимот на Мотор Запорожје. Одигравме добро во двата правци на игра и заслужено триумфиравме.

Вардар одигра одлично во првото полувреме, период во кој успеа да се стекне со солидна предност од . Екипата на Мотор Запорожје само на стартот имаше водство, откако Стоилов го отвори резултатот, гостите вратија со серија од два погодоци, а до 4.минута гледавме игра гол за гол.

Како одминуваа минутите, Вардар играше се подобро, посебно во одбраната, која не е наша најсилна страна сезонава. Постепено ја зголемувавме предноста, која во 18 минута гласеше 10:7. Во период кога имавме можност и да го зголемиме резултатот, голманот на Мотор Запорожје ни одбрани два зицер удари, како и пенал на Дибиров, овозможувајќи на својот тим да намали на 12:10 во 24 минута. Сепак момците на Алушовски одлично ги одиграа последните минути од првото полувреме. На само три минути пред крајот, гостите од Украина намалија и на 14:12, но следеше серија на Вардар од 4:0 за највисоки 18:12. Последниот гол го постигна тимот на Мотор, па на одмор се замина со резултат 18:13. Анте Гаџа имаше максимален учинок од 5 голови од исто толку обиди, додека повратникот Стоилов како и Дибиров постигнаа по 4 голови. На голот беше Ристовски кој го заврши првото полувреме со 3 одбрани.

162613069_10160380958310348_8633360705052080828_o

Со голот на Чупиќ го отворивме вториот дел од натпреварот за плус шест, но Мотор влезе во серија од три погодоци и намали на 19:16. Брзо ги консолидиравме своите редови, па со головите на Гаџа и Георгиевски повторно се одлепивме на солидни 21:16. Алушовски беше принуден да го бара првиот тајмаут во вториот дел, откако противникот намали на само три гола 25:22 во 43 минута од натпреварот. На десет минути пред крајот, Вардар ја врати онаа најголема разлика од 6 голови. Најпрво Дибиров откако успеа да одзема топка и успешно да асистира, Георгиевски го погодои празниот гол, додека од контра напад погоди и Гаџа за зголемување на резултатот. На голот беше и Марко Кизиќ кој забележа две одбрани. Немавме проблеми да го задржиме водството, на крајот славевме со резултат 32:27.

Гаџа беше наш најефикасен играч со 8 голови, додека Дибиров постигна 6. После два последователни порази, ова за Вардар беше трета победа во рамките на СЕХА-лигата. Во последното коло од групната фаза гостуваме кај екипата на Војводина.