Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“, кадетките на ЖРК Вардар немаат пораз на било каков дуел 906 дена
„Лавиците“, кадетките на ЖРК Вардар немаат пораз на било каков дуел 906 дена

„Лавиците“, кадетките на ЖРК Вардар немаат пораз на било каков дуел 906 дена

Вардар има одличен кадетски тим, предводен од Платон и Папуџиева. Екипа која пред два дена по третти пат го совлада сениорскиот тим на РК Спартак (види). Добивме интересно прашање на кое веднаш немавме одговор:
Кога последен пат овој ваш тим е поразен?

Тешко беше да се присетиме па погледнавме во архивата. Последниот пораз   за  кадетскиот тим на ЖРК Вардар е кога го пречека тимот на ЖРК Алушовски. Во еден меч со многу борба до победа стигнаа девојките на нашиот ривал. Сино-белите девојки дојдоа до победа со резултат 21:23 (13:14) од 4.коло во кадетската женска лига-Ова е информација од 23/09/2018 година. По овој пораз до пролета совладаа се во кадетската и пионерската лига, и ги освоија двете титули.

Од тогаш до денес одигаа дузина мечеви во лигите, ф-4 турнирите,  пријателски во земјава. Поразот веќе никогаш не беше опција за нив. Минаа 906.дена како “лавиците“ ниту еднаш не завршија дуел со наведната глава. Навистина долг период, кој покажува за каков тим станува збор.

Честитки до сите играчи и стручниот кадар за овој факт.