Последните денови се почесто започна да се шпекулира со можни засилувања во редовите на актуелниот европски првак Вардар.
Еден во низата бек шутери што го посакува Вардар е Стипе Мандалиниќ. Мандалиниќ е слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со германскиот Фуксе Берлин, па тука Вардар ја бара својата шанса. Ќе биде тешко бидејќи на адреса на хрватскиот лев бек има веќе неколку понуди, а една од нив е и онаа на Еурофарм Пелистер.
Мандалиниќ одлично би се вклопил во новиот систем на Стевче Алушовски, па доколку остане и Дисингер, се најавува одново силна лева бековска линија во тимот.
Останува да видиме во наредниот период, што ќе се случи на релација Вардар – Мандалиниќ.