Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гашовски и Крстевски потпишаа професионален договор со Вардар, се чека на Атанасовски и Кизиќ
Гашовски и Крстевски потпишаа професионален договор со Вардар, се чека на Атанасовски и Кизиќ

Гашовски и Крстевски потпишаа професионален договор со Вардар, се чека на Атанасовски и Кизиќ

Во следниов период, треба полека да се склопува составот со кој ракометниот клуб Вардар ќе настапува во новата натпреварувачка сезона. Познато е дека старо-нов сопственик на актуелниот Европски Шампион, ќе биде господинот Михајло Михајловски.

Што се однесува до младите играчи, кои оваа сезона беа дел од тимот на Вардар Јуниор, веќе двајца играчи ставија потпис на договор со црвено-црните. Се работи за најдобриот стрелец на Вардар Јуниор, тоа е средниот бек, Стефан Крстевски, кој се обврза на нов договор со клубот во важност од три години, како и за пикерот, Давид Гашовски, кој исто така ќе остане во Вардар.

Деновиве треба да биде познато, дали во Вардар ќе остане уште еден млад и надежен играч. Се работи за уште еден корпулентен пикер, тоа е младиот Стефан Атанасовски, кој треба да одлучи дали претстојот ќе го продолжи во Вардар, или ќе бара нов клуб каде во иднина ќе настапува. Од претходно е познато дека Вардар го напушта левиот бек, Дејан Кукуловски кој ќе настапува за Еурофарм. Не е се уште дефинирана ниту иднината на моментално сигурна најмладата голманска надеж во Македонија. Се работи за Марко Кизиќ, кој веќе имал состанок со новиот сопственик и управата, но се уште нема потпис на договор. Се очекува во наредниот период и официјално да го пренесеме неговото останување на голот на Вардар.