Денес екипата на РК Вардар игра нов натпревар во СЕХА-лигата, прв на домашен терен во ноавта сезоната. Противник ќе ни биде екипата на Горење од Словенија, а овој меч кој започнува од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански ќе го пренесуваат дури четири телевизии.
Самиот факт дека Вардар е актуелен освојувач на Лигата на Шампионите и СЕХА-лигата, самото по себе привлекува внимание кај гледачите на овој спорт да го проследат шампионот на Европа и на Балканот, а тоа е нашиот Вардар. Интересно пренос од овој натпревар ќе врши ЕХФ ТВ, како и “Арена Спорт“. Како и на првиот дуел оваа сезона, така и од вториот меч на Вардар во ова натпреварување пренос ќе има на МРТ-1, додека мечот ќе можат да го проследат и Словенците на телевизијата “Спорт ТВ“.
Црвено-црните имаат денес дополнителен мотив со оглед дека прв пат оваа сезона играат натпревар пред својата публика, па нормално е дека ќе саат со триумф да ги израдуваат своите навивачи. Цената на билетите е 50 денари, а натпреварот можат да го проследат сите кои имаат сезонски билети и Вардар ПАС картичка.