Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дарко Трајковски: Преку “Јуниор лигата“ успеав да настапувам за младинците на РК Вардар
Дарко Трајковски: Преку “Јуниор лигата“ успеав да настапувам за младинците на РК Вардар

Дарко Трајковски: Преку “Јуниор лигата“ успеав да настапувам за младинците на РК Вардар

Дарко Трајковски кој игра на позицијата десен бек во новата сезона ќе биде дел од младинскиот состав на РК Вардар. Ова момче доаѓа од ракометната школа Кисела Вода Вардар, која претходниве две години се натпреваруваше во “Јуниор“ лигата. На селекцијата на ракометари од ова натпреваруње, на кое се присутни стручните лица од ракометниот клуб Вардар, Дарко беше избран како еден од играчите кои остави добар впечаток, со што доби шанса во новата сезона да игра за младинците на Вардар. Во следново интервју ве запознаваме со почетоците на Дарко во ракометот, настапите и мислењето за “Јуниор“ лигата, како и за очекувањата од новата сезона во црвено-црниот дрес.

1. Од каде желбата да се занимавате со ракомет и дали овој спорт беше ваша прва желба ?

-Пред да почнам да се занимавам со ракомет 3 години тренирав кошарка, се почна од часот по физичко во основното училиште каде што учев, каде што ракометот ми стана многу интересна игра и почнав да размислувам да почнам да се занимавам со тој спорт.

2. На колку години започнавте да играте ракомет, во која школа и под водство на кој тренер ?

-Ракомет почнав да играм на 14 години, односно ова ми е веќе 3та година иако првата ја почнав на пола сезона во клубот РК Кисела Вода Вардар кој учествуваше во “Вардар јуниор лигата“ а први тренери ми беа тренерите Вељо и Стевче каде што ја поминав мојата прва година, со голем труд и напор успеаа да ме научат да ја играм бековската позиција. Следната сезона за прв пат заиграв во “Јуниор“ лигата под водство на тренерот Влатко кои исто така имаше вложено голем труд во мене. Оваа сезона добив повик да играм за младинскиот состав на РК Вардар што ме прави пресреќен и помотивиран да продожам да тренирам.

3. Какво е вашето мислење за “Јуниор“ лигата ?

-Тоа е одлична лига за сите млади ракометари, преку неа се стекнуваат нови знаења кои се потребни на секој млад ракометар.

4. Колкаво значење има “Јуниор“ лигата за вас и дали истата ви помогна да стигнете до посакуваната цел ?

-Јуниор лигата е од големо значење за секој млад ракометар, во таа лига се учат многу нови работи и се стекнува големо искуство кое е потребно за секој спортист. Преку “Јуниор лигата“ успеав да бидам меѓу редовите на младинскиот состав.

vardarfans-trajkovski

5. Што е она највпечатливото во “Јуниор“ лигата што ви остана во најголемо сеќавање ?

-Условите, односно салите во кои играме судиите и се друго што прави да се чуствуваш како прав ракометар. Првата сезона не играв во “Јуниор“ лигата бидејќи почнав на пола сезона и морав да се трудам и да тренирам многу за веќе во следната сезона да бидам прва постава и да играм на секоја утакмица што ја нудеше јуниор лигата.

6. Како се случи да добиете повик за настап во младинскиот состав на Вардар. Кој прв ви ја соопшти оваа вест и дали го очекувавте ова ?

-Повик добив веднаш по завршувањето на зимскиот турнир “Вардар еден живот, една љубов”. Надлежните од Вардар будно ја следеа нашата игра од почетокот на сезоната. Оваа вест прв ми ја соопшти тренерот кој што го води младинскиот состав на Вардар, тренерот Слободан Чивлачки. Се тоа испадна така брзо и неочекувано, што ме израдува и ме направи многу среќен да продолжам да работам и тренирам со полна пареа.

7. Ваши впечатоци од турнирот во Белград, на кој освоивте четврто место ?

-Турнирот во Белград беше едно големо искуство за мене и мојата екипа, увидов и научив многу работи за играта во ракометот. Имаше силни екипа и на крајот освоивме четврто место, што исто така претставува успех.

8. Колку добро се познаваш со новите соиграчи и што може да очекуваме од вас како екипа во новата сезона ?

-Новата сезона ја започнавме со многу редовни и напорни тренинзи од што и очекуваме добри резултати во текот на сезоната. Дружбата пред и после тренинг која ја имаме како тим е од големо значење, така и јас брзо ги запознав моите нови соиграчи.

9. Дарко Дарко има некоја друга желба и цел за во иднина ?

-И покрај исполнетата желба од претходната сезона не е исполнета целта, секоја сезона со нова желба до постигнување на својата цел.

Звонко Ивановски