Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Брумен: Знаеме премногу за денешниот противник, тие се европски шампиони и сигурно дека ќе сакаат тоа да го докажат и на теренот
Брумен: Знаеме премногу за денешниот противник, тие се европски шампиони и сигурно дека ќе сакаат тоа да го докажат и на теренот

Брумен: Знаеме премногу за денешниот противник, тие се европски шампиони и сигурно дека ќе сакаат тоа да го докажат и на теренот

Вардар по дуелот против Металург брка нова победа во СЕХА, овој пат пред домашната публика, за прв пат оваа сезона. Пред денешниот натпревар тренерот на Горење Жељко Бабиќ и некогашниот играч на Вардар Матјаж Брумен изјавија:

“Знаеме премногу за денешниот противник, тие се европски шампиони и сигурно дека ќе сакаат тоа да го докажат и на теренот. Сите нивни квалитети ни се добро познати, но ќе гледаше да ги спречиме колку што можеме. Денешниот дуел воедно ќе ни послужи за да се подготвиме подобро за претстојните дуели во Лигата на шампионите“, рече Брумен.

Тренерот на Горење пак изјави:

„Ракометарите на Вардар се европски шампиони, а од клупата ги води еден од најдобрите светски тренери. Денешниот дуел ќе биде судир на две екипи кои играат во Лигата на шампионите. Би сакал нашата одбрана да биде на ниво како на дуелот со Целје, а во нападот треба да бидеме поефикасни“, рече Бабиќ.