Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Чеде добива помошник од Белгија на клупата на Вардар!
Чеде добива помошник од Белгија на клупата на Вардар!

Чеде добива помошник од Белгија на клупата на Вардар!

Чедомир Јаневски добива ново засилување во Вардар, но, овој пат не во играчкиот кадар туку на тренерското место. Значи, веќе е се договорено, Јаневски крај себе на клупата на Вардар ќе го има поранешниот белгиски репрезентативец, Стафан ван дер Хејден.

Ван дер Хејден доаѓа во Вардар токму по барање на Јаневски. Хејден и Чеде заедно работеа во Белигја во тимот на Васланд-Беверен.

Се очекува Чеде да добие големо засилување крај себе, засилување кое добро си ја знае својата работа исто како и новиот тренер на Вардар.