Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема одмор за вардарци, актуелниот Шампион на СЕХА-лигата гостува кај екипата на Војводина
Нема одмор за вардарци, актуелниот Шампион на СЕХА-лигата гостува кај екипата на Војводина

Нема одмор за вардарци, актуелниот Шампион на СЕХА-лигата гостува кај екипата на Војводина

Вечерва, актуелниот Шампион на СЕХА-лигата ќе гостува на екипата на Војводина, во рамките на 8.коло во ова натпреварување.

Изминатиов период беше тежок за вардарци, кои претрпеа три последователни порази во Лигата на Шампионите, па евентуален триумф на гостувањето во Нови Сад ќе ги „залечи“ раните од настапите во ЛШ. Првиот дуел одигран во Јане Сандански го добивме со резултат 26:23, меч на кој уште во првата минута од дуелот се повреди Даинис Кристопанс, кој од тој дуел не успеа да се врати на теренот, со исклучок на дуелот со Брест Мешков, каде летонскиот џин настапи до 40 минута. Иако и на тој меч игравме со преполовен состав, сепак успеавме да го победиме шампионот на Србија, се надеваме дека така ќе биде и на вечерашниот натпревар.

Традицијата е целосно на страната на Вардар, кој има десет победи и само еден пораз и тоа пред шест години, кога тогаш на Кале загубивме од Војводина. После седум одиграни кола во СЕХА-лигата имаме шест победи и само еден пораз, на гостувањето кај Мотор Запорожје. Екипата на Војводина се наоѓа на третото место во групата, со скор од четири победи и три порази.

Дуелот кој вечерва започнува од 20:45 часот можете да го проследите со директен пренос на МТВ и Арена Спорт 2.