Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува кај Киелце, во обид за прва победа на гостувањата кај овој противник
Вардар гостува кај Киелце, во обид за прва победа на гостувањата кај овој противник

Вардар гостува кај Киелце, во обид за прва победа на гостувањата кај овој противник

Денес со почеток од 18:00 часот, Европскиот ракометен шампион гостува во Полска кај екипата на Киелце, во рамките на 8.коло од Лигата на Шампионите.

Вардар ќе се обиде повторно да освои бодови во дуелите со Киелце, иако повторно ќе игра без класични бекови на десната страна. Во Полска не отпатуваа Кристопанс и Горбок, како и подолго отсутниот Толедо, додека во составот се најде Дисингер, кој прашање е колку ќе може да одигра на денешниот меч. Така, Вардар и денес ќе мора да игра со ниска постава на бековските позиции. Киелце исто така има проблеми со повредени играчи, па така на денешниот дуел ќе недостасуваат  Томаш Гебала, Матеуш Јахлевски и Аркадиуш Морито, додека во екипата се враќа Даниел Душебаев, за кој ова ќе биде прв меч сезонава.

Вардар никогаш нема славено во Полска, на сите четири меча „одиграни во Киелце, славел домашниот тим, па еве денес нова шанса за прв триумф на „жешкиот“ терен во Киелце. Двете екипи доволно се познаваат, па не би требало да има некои изненадувања во однос на тактичката поставеност. На табелата, Вардар има еден бод повеќе од екипата на Киелце. Вардар сезонава оствари две победи на гостински терен, додека Киелце загуби на домашен терен од тимот на Монпелје.

Директен пренос од дуелот можете да проследите на МРТ и Арена Спорт 2.