Утрово во малата сала на С.Ц. Јане Сандански стартуваше новата сезона во ракометната „Јуниор Лига“, ова е 5.сезона од овој црвено-црн проект.
Кај момците родени 2006/2007 се одигра еден натпревар кој тимот на РК Будимир Вардар го доби, тие беа подобри од екипата на РК Ангели. Мечот на двете скопски екипи започна со реми 1-1, па беше 3-3. Ангели успеаа да поведат со 4-5 на оваа средба, потоа момците на Будимир одигаа подобро, беа покреативни и направија пресврт. Тие на одмор заминаа со три плус, односно со резултат 10-7.
Момците на Будимир по стартот на вториот дел успеаа да зголемат и на четири плус, тие поведоа со 11-7. Вториот период беше доста динамичен, двата тима постигнаа голем број на голови. Ангели успеаа да одигаат поангажитано и дојдоа на само еден гол негатива, 18-17. Сепак РК Будимир го исконтролира крајот на дуелот и истиот го доби со резултат 24-19.