Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Брест Мешков во вечерен термин на Ф4 турнирот во СЕХА
Вардар и Брест Мешков во вечерен термин на Ф4 турнирот во СЕХА

Вардар и Брест Мешков во вечерен термин на Ф4 турнирот во СЕХА

СЕХА ги одреди саатниците на одигрување на полуфиналните натпревари на завршниот турнир во ова натпреварување.

Во првото полуфинале на 2.април ќе се сретнат екипите на Нексе и ППД Загреб, натпревар кој ќе започне од 16:30 часот. Во вечерниот термин од 19:00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и домаќинот на турнирот, тимот на Брест Мешков.

Следниот ден ќе се одигра малото и големо финале, по што ќе биде познат победникот на осмата сезона на СЕХА-лигата.