Двете најдобри екипи од минатата сезона во Супер-лигата, Вардар и Еурофарм Пелистер, следната недела во Скопје ќе одиграат пријателски натпревар.
Екипата на Еурофарм се подготвува во С.Ц. Борис Трајковски, па ќе ја искористи можноста да одигра контролен натпревар против Европскиот Шампион. И двете екипи имаат нови тренери, кои ќе се обидат подобро да ги воиграт пред предизвиците во пролетниот дел од сезоната. Алушовски ќе го има првиот меч на клупата на црвено-црните токму против својот поранешен клуб, додека Еурофарм назначи нов тренер, тоа е Жељко Бабиќ.
Вардар се уште е некомплетен поради настапот на осум играчи, кои беа дел од ЕП. Извесен период ќе отсуствува и Калиф Гедбан кој со селекцијата на Алжир се наоѓа на „Африканскиот Куп на Нации“, како и Кристијан Дисингер кој сигурно до крајот на март ќе биде надвор од терените.