После пет одиграни кола во Лигата на Шампионите, Вардар се наоѓа на 4.место на табелата со вкупно шест освоени бодови, колку што имаат и екипите на Веспрем и Монпелје. Европскиот Шампион ги загуби последните два меча со голема разлика, што беше причина од ЕХФ да направат анализа за моменталната ситуација во редовите на Вардар. Стручните лица во ЕХФ, сметаат, дека причина за слабите игри не доаѓаат од тренерот, туку од составот. Имено, Писонеро по само четири меча и еден пораз беше заменет од Кокшаров, но дуелот со Веспрем покажа дека црвено-црните се наоѓаат во играчка криза.
Од ЕХФ дадоа кратка анализа за играта на Вардар и слабостите во тимот, во истата се вели:
Иако загубија само еден натпревар и постигнаа само четири голови во едно полувреме против Кил, Европскиот Шампион почувствува дека е време за промена на тренерското место. Едуард Кокшаров стана прв тренер, додека Писонеро негов помошник, но проблемите на Вардар не доѓаат од клупата, туку во составот кој го имаат. Иако Вардар тргна со три победи сезонава, потребни се нови засилувања на секоја позиција, после заминувањето на неколку ракометари кои беа важни во освојување на Европската титула. Кил и Веспрем заедно му дадоа на Вардар 70 голови, а во првите три кола прими 88 голови. И нападот не функционира, како што посакува клубот. Имаше многу промашени удари на Кристопанс, Дибиров и Скупе, па борбата за пласман на завршниот турнир во Келн станува се потешка за Вардар.