Изминатиов викенд се одигра и 6.коло во првенството на младинските фудбалски катеогрии. Вардаровите генерации забележаа три победи и еден нерешен резултат во дуелите со екипата на Еуроспорт.
Помладите пионери и после шест одиграни кола се единствената вардарова генерација која е се уште без пораз. Во претходното коло убедливо ја победивме екипата на Еуроспорт (4:0). Момците на Рап Тап имаат скор од четири победи и два нерешени резултат, вкупно 14 бодови за помладите пионери, кои го држат чекорот со екипата на Работнички, која останува на лидерската позиција, градскиот риал има два бода повеќе. или вкупно 16. На третото место се наоѓа екипата на Шкендија со 13 бодови, додека Академија Пандев и Шкупи имаат по 12 бодови.
Пионерите се вратија на победите во лигата откако на домашен терен беа убедливи во дуелот против Еуроспорт (5:0). Избраниците на Драган Стефановски се наоѓаат на првото место на табелата со вкупно 15 освоени бодови. На втората позиција е Академија Пандев со 13 бодови, додека трет е Работнички со 12 бодови.
До триумф во 6.првенствено коло стигнаа и кадетите на Вардар, кои славеа на гости кај Еуроспорт (2:3). Ова беше само трета победа сезонава за момците на Филип Деспотовски, вкупно 9 боодви, со кои се наоѓаат на 5.позиција на табелата. Лидер во кадетската лига е Работнички со 14 бодови, додека Шкендија е втора со 13 бодови. На 3. и 4.место се екипите на А.Пандев и Шкупи кои имаат по 12 бодови.
Младинците освоија само бод на гостувањето во Куманово, играјќи со нерешен резултат (1:1). Вардар има скор од три победи, еден нерешен резултат и два порази, после шест одиграни кола, вкупно 10 бодови за избраниците на Деспотовски. На табелата се наоѓаме на 4.место, додека прва е екипата на Шкендија која има 16 бодови, втората позиција е за тимот на Работнички кој собра 13 бодови.