На вчерашното полуфинале, Вардар не беше сам во “Лаксес арената“, тука ја имаше поддршката од голем број на свои навивачи, кои допатуваа во Келн за овој завршен турнир. Црвено-црните успеа да ја победат големата Барселона, а радоста беше голема, по последниот гол на Лука Циндриќ.
На крајот славјето беше големо, како на теренот така и на трибините. Денес се надеваме дека бројката на Вардарови навивачи ќе се зголеми и сите ќе ја славиме на крајот европската титула.