Финишираше уште една интересна сезона во ракометната “Јуниор“ лига. Повеќе од 24 ракометни школи беа дел од овој голем проект на РК Вардар, кој се очекува во секоја наредна сезона да го зголемува бројот на учесници во оваа лига. Веќе се познати победниците во секоја возрасна генерација, во машкиот и женскиот дел на ова натпреварување. Кај генерацијата 2002/03, кај девојките првото место им припадна на РК Шампион, додека третото место е за екипата на РК Кастратовиќ. Избраничките на Здравка Дамовска во малото финале беа подобри од тимот на РК Опш.Кисела Вода. Дел од екипата на РК Кастратовиќ оваа сезона беше, голманката Стефани Петрушевска.
-Ракометот е мојата најголема љубов. Веќе три ипол години сум со РК. Кастратовиќ и со мојот тренер Здравка Дамовска од која научив многу. Јуниор лигата ми помогна да се усовршам во одбраната на мојот тим. Мислам дека “Јуниор лигата е добар проект, затоа што можеме да се докажеме и да покажеме колку знаеме и колку го сакаме спортот. Честитки и до ракометниот клуб Вардар, за одличната организација на ова натпреварување во текот на целата сезона. Континуираното играње на натпревари ни дава можност да се подобриме во ракометната игра и да се стекнуваме со поголемо искуство. Ние како клуб и генерација одигравме одлична сезона и курна на тоа беше освоениот бронзен медал.
Петрушевска беше најзаслужна за освоеното трето место, со одбранетите удари од седум метри, откако мечот со Кисела Вода во регуларниот дел заврши без победник.
-Среќна сум што со моите одбрани во пенал рулетот, му помогнав на мојот тим да се радува на победата и освоениот бронзен медал. Се трудев на секој изминат натпревар да ги подобрувам моите голмански способности и се надевам дека и следната сезона ќе допринесувам за подобри резултати и достигнувања на мојата екипа.
Звонко Ивановски