Вардарци играат одлично на почетокот на новата сезона во лигата на шампионите. Покрај тоа што се прво место во групата Б, нашиот ракометен шампион може да се пофали и со податокот за најдобрата одбрана во најквалитетните групи “А“ и “Б“ . Избраниците на Гонзалес имаат примено најмалку погодоци, само 149 во првите шест кола од најголемото ракометно натпреварување. Веспрем е втор на таа листа со 152 гола, потоа Рајн-некар, Загреб и.т.н.
Нема веќе непоразени екипи во ЛШ, откако Веспрем доживеа пораз на гостувањето во Франција, против екипата на ПСЖ. Се вкупно Вардар е најдобар тим во двете групи, тие се единствени со ПСЖ кои имаат по 10 бодови, но гол разликата е во наша корист. Ова се одлични статистички бројки, кои не прават да бидеме најдобри во ова натпреварување. Да не беше оној лош натпревар против Колдинг, но и отсуството на Штербик и Душебаев, сега ќе бевме единствени со 100% учинок. Најдобар стрелец е убедливо Дибиров со 38 постигнати голови. Следните два натпревари против актуелниот европски првак, може да одлучат многу работи околу освојување на првите две места на табелата.