Поради повреди добиени на вчерашниот натпревар против Шкендија, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар Гоце Седлоски нема да може да смета на Дејан Блажевски и Артак Дашјан за натпреварот во среда против Младост ЦД. Според информациите од сајтот на ФК Вардар, не би требало да станува збор за некоја посериозна повреда и кај двајцата играчи.
Од друга страна пак, во коомбинација за средбата во Охрид се враќа ”казнетиот” Ромеро. Ромеро може многу да помогне во напаѓачките цели на дуелот во Охрид.