Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Жрк Вардар го одиграа третото коло во лигата
Кадетките на Жрк Вардар го одиграа третото коло во лигата

Кадетките на Жрк Вардар го одиграа третото коло во лигата

Викендов се одигра третото коло, во рамките на женската кадетска лига за девојки родени “1998“ година.  Вардар има два претставника во кадетска конкуренција, но настапува со екипи кои се за две години помали од останатите тимови. Вардар, генерација “2000“ и Вардар јуниор, ракометарки родени “2001“ година, се двете екипи кои се натпреваруваат во оваа лига. Двата тима одигра нови натпревари, на кои беа поразени.

Екипата на Рк Вардар во С.Р.Ц. Кале за противник ја имаше Стружанка. Конечниот резултат гласеше 15:24 во корист на гостинките. Слабото прво полувреме, во кое успеавме да постигнеме само четири голови, беше пресудно за конечниот неуспех. Бројните грешки и нереализираните напади беа причина за малиот процент на постигнати голови. Од самиот старт на дуелот, Стружанка имаше предност која ја одржуваше до крајот. На полувреме се замина со резултат 4:9.

Во второто полувреме, разликата се движеше од 3-5 голови во корист на противникот, се до моментот кога ја зголемија предноста на 11:18. На пет минути до крајот, гостинот имаше двоцифрена предност 12:22. Конечниот резултат гласеше 15:24. По четири голови во нашиот состав постигнаа Бојана Диневска, Ива Цветковска и Анастасија Нелоска

Вардар: Тутиќ, Ацевска , М.Ивановска 1, Цветковска 4, Таневска, Ристовска, И.Ивановска, Буцевска, Јакимовска , Е.Ивановска, Диневска 4 , Нелоска 4, Танчева , Марковска 2 и Ристевска.

Вардар јуниор пак беше поразен од Кичево 10, на гостински терен. Конечниот резултат гласеше 29:21. Натпреварот започна со водство на домаќинот, по што следуваше првото и единствено израмнување на овој меч 3:3 во 6 минута. Потоа следуваше серија од 3:0 на Кичево, за нова предност од 6:3. Највисоката предност ја имаа во 24 минута, кога поведоа со 10:5. До крајот на првото полувреме, Вардарки успеаа да намалат на достижни три гола разлика 12:9.

Сепак во вториот дел следува нова серија на противникот од 3:0, за веќе највисоки шест гола позитива. Како течеше мечот, растеше предноста на Стружанка за во еден момент да се искачи на двоцифрена разлика 21:11. До крајот не се случи нешто поинтересни, дуелот заврши со убедлива побда на Кичево. Дамовска и Трпевска беа единствените светли точки во црвено-црниот дрес. Марија Дамовска постигна 8 и Ивона Трпевска 7 гола.

Вардар јуниор: Наумовска, Станишиќ , Милошевска, Ѓорчевска , Ѓоргиева, Дамовска 8, Буразер, Атанасова 4, Алексовска, Митровска, Трпевска 7, Ничовска, Ќириќ , Бабунска, Величковска  и Блажевска 2.