Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја има најдобрата одбрана, во двете најсилни групи од ЛШ
Вардар ја има најдобрата одбрана, во двете најсилни групи од ЛШ

Вардар ја има најдобрата одбрана, во двете најсилни групи од ЛШ

Вардар заедно со екипата на Барселона се на делба на првите две места во најсилната група А од Лигата на Шампионите. После шест одиграни кола и двете екипи имаат по идентични 10 бодови, токму тие ќе се соочат меѓусебно во следното коло, во кое Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Барса.

Црвено-црните можат да се пофалат со податокот дека ја имат најдобрата одбрана, во двете најсилни групи од ЛШ. Вардар после шест одиграни кола има примено 155 погодоци, што ги први да бидат најдобри во овој дел од играта. Второто место е за екипата на ПСЖ, која прими 160 голови, додека трет е Фленсбург со 161 примен погодок.